Блокотехна и Охрид ќе ја отворат програмата на 26.издание на кошаркарскиот Куп на Македонија. нивната пресметка ќе биде прва на денот за четвртфинални дуели во кој потоа играат Работнички против Куманово, следат МЗТ Скопје Аеродром против Кожув и во вечерниот термин, Гостивар и Фени Индустри.
Саботната прграма стартува со полуфиналните дуели во женска конкуренција во кои за место во финалето ќе се борат Бадел против Струга и Вардар против Работнички. Во машка конкуренција воведниот поуфинален дуел во кој ќе се соочат победниците од пресметките меѓу Блокотехна и Охрид и Гостивар – Фени индустри е во 17.30 часот, додека во 20 часот се соочуваат поуспешните од четвртфиналните пресметки меѓу Работнички и Куманово и МЗТ Скопје Аеродром и Кожув.
Финалето в недела на 17. февруари во женска конкуренција е од 14.30 часот, а во машка конкуренција од 17.30 часот.
КУП на РМ распоред
Ден 1. (15. февруари, 2019 година ПЕТОК)
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)
Ден 2. (16. февруари, 2019 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)
Ден 3. (17. февруари, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА