Блокотехна лесно ги призeмји младите соколи

Блокотехна забележа нова убедлива победа во рамките од Првата лига, овојпат совладувајќи го тимот на Карпош соколи со резултат 84-50. Големата финансиска криза придонесе „соколите“ да останат без речиси сите кошаркари од стартот на сезоната, беспарицата беше причина овој меч да се игра во Гевгелија наместо во Скопје, а конечниот епилог е сосема очекуван со оглед на огромната разлика во квалитет меѓу двата тима.

Тренерот на Блокотехна, Марјан Илиевски им даде шанса на своите помлади играчи, па така Мијатовиќ и Казарновски воопшто не влегуваа во игра, додека Американците Мелори и Бенџамин одиграа под десет минути. Победата беше осигурана уште во првата четвртина, во која Блокотехна поведе со 30-11 пред се благодарение на одличниот Дујковиќ, кој реализираше 16 поени. Остатокот од мечот беше рутина за тимот од Гевгелија, кој по три четвртини имаше и 40 поени предност (30-70), за на крајот мечот да заврши со конечни 34 поени разлика.

Колев со 22 и Дујковиќ со 16 поени беа најефикасни кај Блокотехна, додека најдобри стрелци на Карпош соколи при денешниот пораз беа Богдановски со 17 и Атанасов со 16 постигнати поени.

Се вчитува...