Кошаркарите на Блохотехна стигнаа до лесна победа во 8. коло од плеј-оф разигрувањето за шампионската титула против АВ Охрид од 98-79 (29-23,24-20,26-12,19-24).
Од самиот почеток на мечот гевгеличани тргнаа со континуирана предност која постојано се зголемуваше, за да на полувремето се замине со 10 поени предност.
Сепак, одлуката околу победникот и дефинитивно дојде во третиот период кој Блокотехна го доби со 26-12 Потоа се беше рамо рутина до крајот на мечот за убедлива победа од 98-79.
Најефикасни во победничкиот тим беа Бенџамин Двејн и Мијатовиќ со по 19 постигнати поени, Младеновиќ мечот го заврши со 17 поени, Казарновски – 14 поени а Ѓуроски постигна 12 поени. Кај охриѓани се издвоија Зимиќ со 15 поени и 10 скока, и Ахметбашиќ со 16 постигнати поени.
По овој триумф, Блокотехна се израмни на втората позиција со МЗТ Скопје со по 22 победи и 8 порази сезонава. На врвот е Работнички со 29 победи и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА