Блокотехна продолжи со извонредните настапи од стартот на сезонава, потврдувајќи го епитетот на успешен проект со новата победа над МЗТ Скопје. Избраниците на Илиевски покажаа и квалитет и карактер, се вратија од „минус десет“, па на крајот заслужено се радуваа на втор скалп на шампионот, правејќи огромен чекор за зацврстување на второто место на табелата.
Во првата сезона се поставени добри темели од кој напредокот допрва ќе следи, а нокаутот на шампионот е само уште еден доказ за квалитетот на Блокотехна, но и за кризата која ги тресе аеродромци цела оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА