Блокотехна останува непоразена, успешно го „преплива“ и Вардар

Блокотехна го задржува беспрекорниот победнички ритам сезонава во домашното кошаркарско првенство. Во дуелот од петтото коло забележа нов триумф, убедлив, на гостувањето кај Вардар со 88-67.

Втората четвртина од натпреварот која ја доби со 18 поени разлика (18-36) беше доволна Блокотехна да забележи убедлива победа. Сите останати сегменти од средбата завршија тесно, првиот и третиот му припаднаа на Вардар со 18-21 и со 15-13, а завршниот на Блокотехна со 18-16.

Главчев и Мијатовиќ со по 20 поени ја предводеа Блокотехна до новиот успех. Ниту еден од останатите гостински кошаркари немаше двоцифрен ефект. Кај Вардар, Џуниус Провел заврши исто така со 20 поени.

Вардар заедно со суспендираниот Шкупи остануваат двете екипи кои од почетокот на сезонава немаат забележано победа.

 

Се вчитува...