Кошаркарите на Блокотехна ја оправдаа фаворитската улога славејќи во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига на гостувањето против Пелистер со 67-73.
Гевгеличани победникот го решија уште во првото полувреме кое го добија во своја корист со 15 поени разлика (28-43). Понатака во продолжението беше рутинско одржување на предноста, иако домашните се обидоа да се вратат во последната четвртина но без сила за пресврт.
Најдобар поединец кај Блокотехна беше Американецот Бенјамин Двејн со 19 поени и 6 скока, 14 поени запиша Мијатовиќ а 11 поени – Казарновски. Во стрелците кај победникот се запишаа и Тејлор (10), Младеновиќ (7), Главчев (5), Ѓуроски (4)… Кај „пелистерци“ се издвои Луис Роберт со 27 постигнати поени.
По оваа победа, Блокотехна се зацврсти на втората позиција со 11 победи и само два порази, зад Работнички кој има 13 победи од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА