Американецот Брендон Пен е ново име во таборот на Блокотехна, откако амбициозниот клуб од Гевгелија реши да доведе уште еден странски кошаркар во своите редови по стартот на сезоната само со Србинот Мијатовиќ и со Литванецот Гаидус.
Изборот падна токму врз Пен, 203 сантиметри висок кошаркар кој настапува на крилната позиција, а кој е добро познат и на македонската кошаркарска јавност бидејќи пред неколку сезони го носеше дресот на Кожув. Со пополнувањето на позицијата „три“, каде Блокотехна делуваше „најтенко“ по заминувањето на Американецот Бенџамин, тренерот Илиевски создава уште посилен тим во пресрет на клучниот период од сезоната.
Само за потсетување, Блокотехна од неодамна донесе одлука за приклучување во БИБЛ-лигата каде ќе почне да настапува од 4 декември, со домашниот напревар против Академик Бултекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА