Блокотехна потпиша со Данило Мијатовиќ

Новиот кошаркарски прволигаш Блокотехна потврди дека амбициозно ќе влезе во новата сезона потпишувајќи договор со Данило Мијатовиќ. Српскиот кошаркар повторно ќе биде дел од македонскиот шампионат, откако во претходните сезони стигнуваше до титулата во дресот на МЗТ Скопје.

Мијатовиќ ја почна ланската сезона во дресот на Куманово и беше најдобар поединец во таборот на „сино-белите“, за пред стартот на Супер-лигата да го напушти овој тим и да се врати во редовите на МЗТ Скопје. Тој несомнено ќе биде огромно засилување за тимот на Марјан Илиевски, кој покрај домашното првенство ќе се натпреварува и во БИБЛ-лигата во новата сезона.

Доведовме кошаркар со богато искуство, со квалитети за да биде еден од лидерите на нашиот клуб. Не се сомневаме дека Мијатовиќ ќе ги оправда нашите очекувања“ – изјави претседателот на Блокотехна, Драган Ристов.

Се вчитува...