Блокотехна полека, но сигурно го комплетира својот ростер во пресрет на првата прозивка што тренерот Марјан Илиевски ќе ја има на 1 септември.
Денеска клубот од Гевгелија потпиша договори со уште двајца домашни кошаркари, и тоа Војче Лефоски и Димитар Делипетров. Лефкоски во текот на летово беше поврзуван со неколку клубови, но крилниот кошаркар по Охрид за следна дестинација го избра третопласираниот клуб од ланската сезона.
Делипетров претходно има настапувано во Гевгелија за тимот на Кожув, а откако лани го носеше дресот на Струмица сега повторно се враќа во овој град, но како член на Блокотехна.
Тимот на Марјан Илиевски од претходно ангажираше тројца странски кошаркари, Данило Мијатовиќ остана од ланскиот состав и му се приклучија Литванецот Гаидис и Американецот Браун. Од домашните играчи во однос на лани останаа Главчев, Младеновиќ и Цветковски, а беа потпишани договори и со Глигоријевиќ од Охрид и Николиќ од Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА