Блокотехна продолжува да реди убедливи победи на стартот од новата сезона, откако новиот прволигаш од Гевгелија вечерва го декласираше составот на Пелистер со преубедливи 95-54. По стартниот триумф над Кожув и успешниот старт во БИБЛ против Тирана, избраниците на Марјан Илиевски одиграа уште еден беспрекорен натпревар што го решија во првото полувреме, овозможувајќи му на својот тренер во вториот дел да им даде шанса на помладите кошаркари.
Блокотехна стартуваше фуриозно, веќе во шестата минута со тројките на Младеновиќ и на Мелори стигна до првата двоцифрена предност (16-4), за на крајот првата четвртина да ја заврши со убедливи 33-10. Дилеми околу победникот повеќе не постоеја, па домашниот тим со рутинска игра од минута во минута се повеќе ја зголемуваше својата предност, за конечни 44 поени разлика.
Мијатовиќ со 19 и Мелори со 18 поени беа најефикасни кај Блокотехна, во чии редовите сите кошаркари кои настапија се запишаа меѓу стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА