Блокотехна ја забележа шестата победа во низа во БИБЛ – лигата совладувајќи го црногорскиот тим Ибар, со резултат од 90-79. Гевгеличани во првиот дел се соочија со потешкотии против последнопласираната екипа во регионалното натпреварување, но во продолжението ги обезбедија важните бодови со кои во наредните два дена ќе бидат на чело на табелата.
Ибар одлучи да оди на изненадување во Гевгелија поведувајќи со двоцифрена предност на стартот (16-2), но избраниците на Марјан Илиевски брзо се разбудија од шокот и стигнаа до пресврт со минимална предност (24-22) по првиот период. Црногорците пружија нов отпор до крајот на полувремето и на одмор заминаа со минимална предност (45-47).
Во продолжението Блокотехна конечно ја презеде контролата на топката, остварија скор од 23-13 во третиот период, за потоа да дојдат и до сигурна предност која ја задржаа до самиот финиш.
Искусниот Данило Мијатовиќ одигра одличен натпревар остварувајќи дабл-дабл учинок со 26 поени и 10 скока, Стојан Ѓуроски беше вториот најефикасен кошаркар за домаќините со 19 поени. Жерел Симонс беше играчот кој создаде најмногу проблеми на Блокотехна, заврши со 31 поен, пет асистенции и две украдени топки во составот на Ибар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА