Блокотехна се врати во БИБЛ

Блокотехна и официјално е повратник во БИБЛ лигата. За гевгелискиот состав ова ќе биде втора сезона по ред во регионалното натпреварување. Во ланската дебитантска сезона, Блокотехна заврши на вторто место на табелата по регуларниот дел од сезоната и обезбеди место на завршниот турнир на четирите најдобри екипи и беше елиминирана во полуфиналето по што заврши на четвртото место.

Првиот натпревар Блокотехна ќе го одигра на домашен терен на 4. декември против Академик. За неколку дена ќе биде објавен компелтниот распоред на клубот кој со задоцнување се приклучува во лигата. Блокотехна со Кожув ќе биде македонскиот тандем претставници во БИБЛ.

 

 

Се вчитува...