Кошаркарите на Блокотехна славеа убедливо со 90-66 против Пелистер на пријателскиот натпревар во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Гевгеличани беа далеку подобар противник на теренот. По почетното водство на гостите од 0-6, потоа Блокотехна имаше серија од 13-0 и се понатака во мечот беше во знакот на тимот на Марјан Илиевски.
Најефикасни во триумфот на Блокотехна, за кои ова беше прв тест по стартот на подготовките, беа Глигоријевиќ со 14 поени, Мијатовиќ со 13 поени, Гејдис постигна 12 поени а Главчев и Цветковски завршија со по 10 постигнати поени. Кај Пелистер двоцифрени беа Харис со 16 поени и Рејнолдс со 14 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА