Блокотехна по големата победа над македонскиот првак МЗТ Скопје во домашното првенство, продолжи со серијата триумфи и во БИБЛ – лигата. Избраниците на Марјан Илиевски овој пат беа сигурни против Академик со конечни 80-71, екипата од Гевгелија и во вториот меѓусебен дуел против бугарскиот состав остваруваат позитивен резултат во балканското натпреварување.
Гевгеличани со фуриозен старт стигнаа до сигурна предност, за до паузата да реализираат вкупно 50 поени. Домаќините погодија 8/9 од линијата за три поени за две четвртини, додека во продолжението не погодија ниту една од 11 обиди. Во продолжението кошаркарите на Блокотехна се опуштија, па во последниот период Академик оствари серија од 24-9 и во самиот финиш ја „стопи“ негативата на само девет поени. Сепак Блокотехна не дозволи изненадување на свое тло.
Бенџамин реализираше 18 поени и се истакна како најефикасен за домашниот состав, Мијатовиќ допринесе со 16 поени, Боувен заврши со 15 поени. За гостите од Бугарија, Умипиг реализираше 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА