Екс-репрезентативецот на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб останува во шпанското првенство откако се договори со тимот на Зарагоса. Мекејлеб беше без ангажман од ланската сезона, кога исто така настапуваше во Шпанија како член на Гран Канарија, а од неколкуте понуди одличниот плејмејкер ја избра онаа на Сарагоса.
Соработката со шпанскиот прволигаш ќе трае до крајот на сезоната, а ангажманот на Мекејлеб претставува замена за Серхи Гарсија кој минатата недела го засили актуелниот шпански првак Валенсија.
32-годишниот Американец минатата сезона бележеше просек од 10.2 поени по натпревар, а имаше придонес и со 1.6 скока и 3.5 асистенции носејќи го дресот на Гран Канари во АЦБ – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА