Поранешниот играч од средниот ред на Гана , Кевин-Принс Боатенг, откри детали од неговиот трансфер во Барселона во 2019 година и зборуваше за влијанието што Лионел Меси го имал врз одлуките на клубот.
Тој кажа дека ако во тоа време Меси кажал не, тогаш трансферот во „Каталонците“ немало да се случи.
„Доколку Меси речеше „не“, трансферот немаше да се случи. Во тоа време, во клубот имаше двајца спортски директори. Едниот од нив, Ерик Абидал , рече: „Да, те сакаме“. Другиот спортски директор исто така рече: „Ни требаш“. Претседателот Бартомеу ме сакаше, тренерот Валверде исто така, па реков: „Одлично, ќе го потпишеме договорот утре!“ А тие рекоа: „Не, прво треба да разговараме со Лео.“
„Тој имаше таква моќ. Си легнав надевајќи се дека Меси ќе го одобри мојот трансфер. Да одбиеше, немаше да се приклучам на Барселона“, рече Боатенг
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

