Боатенг бесен на Нико Ковач

Германскиот репрезентативец Џером Боатенг е незадоволен од статусот во Баерн Минхен. Тој не доби дозвола ниту да си замине во зимскиот преоден рок иако за него беше заинтересиран ПСЖ, а ниту пак ја има очекуваната минутажа кај тренерот Нико Ковач. Оваа сезона тој одигра само 91 минута во дресот на баварскиот клуб.

Хрватскиот стратег сепак му одговори на Боатенг.

„Фудбалерите кои се на клупата мораат да бидат свесни дека ќе мораат да се изборат за местото меѓу првите единаесетмина. Никој не може да биде сигурен дека ќе игра“, изјави Нико Ковач.

Незадоволство од системот на работа на Ковач имаше и кај Рибери, Робен и кај Хамес Родригез.

 

Се вчитува...