Боатенг: Лажев дека Лионел Меси ми е омилен фудбалер

Поранешниот играч на Барселона, Кевин Принс Боатенг, откри дека морал да лаже за својот избор за најдобар играч на сите времиња.

Поранешниот фудбалер стигна на Камп Ноу во 2019 година, каде што по неговото пристигнување беше одлучено дека не смее да го фали Кристијано Роналдо, како и најголемиот ривал на Барса, Реал Мадрид.

Боатенг откри колку му било тешко, бидејќи отсекогаш бил навивач на „кралскиот клуб“, како и на Кристијано Роналдо.

„Секогаш велев дека сакам да играм за Реал Мадрид. Морав да лажам на презентацијата. Две години претходно, кога бев во Лас Палмас, ме прашаа кој ми е омилен играч и јас реков Кристијано Роналдо, а го споменав Реал Мадрид како мој омилен клуб. Твојот омилен клуб е Барселона, а најдобриот играч на светот е Лионел Меси. Мора да го кажеш тоа, инаку не можеш да играш тука, невозможно е“, изјави Боатенг. 

Се вчитува...