Баерн Минхен и Јувентус се пред договор и официјално Џером Боатенг да го замени дресот на баварскиот тим со оној црно-белиот.
Како што пренесува германски „Билд“, Нико Ковач сака да се ослободи од стоперот кој го отпиша уште минатата сезона со што би се ослободил буџетот за зголемување пооделни плати. Јувентус, пак, не би имал против за ангажман на дефанзивецот па во финишот на преодниот рок и двата клуба веќе се пред договор за трансферот на Боатенг.
30-годишниот Џером Боатенг претходно во својата кариера има настапувано и за Херта, Хамбургер и Манчестер сити. Има и 76 настапи за германската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА