Џером Боатенг по десет години поминати во Баерн Минхен го напушти баварскиот клуб со големи очекувања за преодниот рок, но репрезентативецот на Германија не помина најдобро на трансфер-маркетот и по речиси два месеци се уште е без клуб.
За услугите на 32-годишникот интерес на почетокот од летово покажаа Јувентус, Милан, Лацио и Рома, меѓутоа ниеден клуб не успеа да се договори со централниот одбранбен играч. Според последните информации, Боатенг посакува кариера да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, но шансите за ваков трансфер се минимални.
„Црвените ѓаволи“ веќе инвестираа во одбраната и во своите редови го доведоа Рафаел Варан кој заедно со Хари Мекгваер треба да биде првиот стоперски тандем следната сезона, а Солскјер во тимот ги има уште и Линделоф и Баи. Ако на тоа се додадат високите финансиски барања на Боатенг, јасно е дека шансите за ваков трансфер се многу мали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА