Боатенг се враќа во Баерн Минхен

Спортскиот директор на германскиот гигант Баерн Минхен, Кристоф Фројнд изјави дека клубот до крајот на неделата ќе донесе одлука дали ќе го ангажира Џером Боатенг.

Боатенг моментално е без ангажман, бидејќи неговиот договор со Олимпик Лион истече на крајот од минатата сезона. Тој моментално тренира со фудбалерите на Баерн.

„Боатенг ќе тренира со нас во следните 2-3 дена, а потоа ќе разговараме со него и ќе донесеме конечна одлука. Ние сме во посебна ситуација, имавме три повреди на дефанзивците за една недела. Мора да ангажираме нови играчи пред зимската пауза“, рече Фројнд.

Боатенг играше за Баерн од 2011 до 2021 година. За клубот од Минхен одигра 360 натпревари и постигна 10 гола. Со Баерн освои 22 трофеи.

Се вчитува...