Кратко траеше авантурата на Кевин Принц Боатенг од Сасуоло во Барселона, откако интернационалецот од Гана во изминатите шест месеци не ги оправда очекувањата на тренерот Ернесто Валверде, па на крајот реши да се врати назад во Италија.
Фиорентина ќе биде нов клуб на Боатенг откако „виолетовите“ ги договорија сите детали од соработката со одличниот офанзивец. Клубот од Фиренца ќе му плати на Сасуоло отштета од еден милион евра, а Боатенг ќе потпише двогодишен договор со Фиорентина за плата од еден милион евра по сезона.
„Фиорентина е одличен нов проект, среќен сум што станувам дел од него. Голема благодарност до сите во Сасуоло, ми беше чест што бев дел од тоа семејство“ – изјави Боатенг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА