Со натпреварот меѓу Струга ТЛ и прилепска Победа денеска од 17:30 часот во Струга стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Победа повторно се враќа во елитното друшто, сега предводена на кормилото од Бобан Бабунски кој треба да го понесе тимот кон старите препознатливи патеки за прилепскиот прволигаш.
Бабунски, пред почетокот на новата сезона, вели дека намерата на Победа ќе биде уште од денешниот дуел со Струга ТЛ да покаже дека нема да биде аутсајдер во новото првенство.
„Струга ТЛ е поквалитетна екипа во однос на минатата сезона, која се засили и со неколку квалитетни играчи предводени од Бесарт Ибраими. Струга си го задржа истиот начин на игра, со цврст, агресивен пристап, и сигурно ќе биде тежок противник на стартот. Но, и ние во ова првенство си имаме свои цели и сигурно Победа сака уште од првиот натпревар да покаже дека нема да биде аутсајдер во шампионатот. Одработивме добри подготовки кои ни послужија да создадеме еден модел и структура на игра која верувам играчите ќе ја спроведат на натпреварот“ – вели Бабунски.
Што се однесува околу тоа кои екипи ќе ја водат главната битка за врвот на табелата…
„Тоа што обично се издвојува на македонската сцена се гледа јасно согласно буџетите на клубовите. Па, објективно Шкупи и Шкендија се први фаворити за титулата во новата сезона. Мислам дека тие ќе се издвојат, но има неколку екипи како Работнички и Брегалница, која последниве две сезони навистина сериозно се стабилизира како прволигаш, кои може да изненадат“ – истакнува шефот на стручниот штаб на Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

