Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска спорт постигна договор со Бобан Георгиев. Станува збор за напаѓач, кој во тимот од Охрид доаѓа од редовите на босанскиот тим на Леотар Требиње.
Пред трансферот во Босна и Херцеговина, еоргиев играше во Брегалница, за која има 62 натпревари во Првата лига.
Георгиев во текот на кариерата, освен во Босна и Херцеговина, каде што играше и за Борац Бања Лука, имаше играно и во Србија во тимот на Радник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА