Бобан: Ги договорив Олмо и Собослаи да дојдат во Милан, но раководството не ги сакаше

Легендарниот фудбалер на Милан Звонимир Бобан, откри интересни детали во периодот откако беше во раководството на Милан. Тој рече дека биле договорени неколку трансфери, но на крајот не добил никаков одговор од челниците на клубот.

Бобан и Малдини наводно ги договориле трансферите на Дани Олмо, кој во тоа време играл во Динамо Загреб, и на крај заминал во Лајпциг, додека тимот работел активно и на трансфер на Доминик Собослаи, кој исто така подоцна замина во Лајпциг.

„Јас лично се обидов да се договорам со Олмо, но челниците на Милан не го сакаа. Тоа беше во јануари 2020 година. Требаше да платиме 18+2 милиони евра, а играчот не бараше премногу. Меѓутоа не добив никаков одговор, и така стана јасно дека тоа значи не. Исто така се договоривме со Салцбург за трансфер на Собослаи. 20 милиони евра требаше да платиме. Но и тој договор беше одбиен. Потоа се обидов да се видам со раководството, но тие одбиваа средба. Се договоривме претходно сите приходи од продажба на играчи да бидат реинвестирани. Од Судо и од Пјонтек добивме 50 милиони, а со тие пари ќе ги потпишевме Олмо и Собослаи. Дури со Собослаи се договоривме во јануари, а потоа откако челниците на Милан одбија, морав да му кажав да почекаме да видиме што ќе се случи до лето. Момчето се разочара, сакаше веднаш да дојде во Милан“, изјави Бобан.

Се вчитува...