Бобан Грнчаров ќе ја спасува Македонија ЃП

Бобан Грнчаров ќе биде нов предводник на македонскиот фудбалски прволигаш, Македонија Ѓорче Петров.

Откако клубот од скопската населба вчера се раздели со Тони Џангаровски, се одлучи да го назначи Грнчаров кој ќе има тешка задача да избори опстанок во елитата.

Грнчаров претходно работеше во најтрофејниот Вардар со кој успеа да направи минатата сезона кам бек во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...