Бобан Илиоски е светски кикбокс шампион во ВАКО ПРО! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски е светски професионален шампион во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 килограми), откако во спектаклот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје вечерва со одлука на судиите салвеше со 2-1 против актуелниот светски аматерски шампион Берк Дузенли од Турција. Ова е првпат Македонија да биде домаќин на еден ваков кикбокс-настан, во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.

Илиоски победата ја осигура во третата рунда кога имаше два многу чисти удари, а потоа имаше далеку поагресивна борба во следните две рунди за заслужена победа.

Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија, спортист на годината за 2023 година.

A, настанот за светската титула на ВАКО Про претходно го отвори мечот меѓу талентираната битолчанка Марија Димовска која славеше против Марија Обрадовиќ од Србија во лоу кик за постари јуниори.

Димовска беше поакативна, а во втората и третата рунда супериорна, на крајот победувајќи со 3-0.

Силвио Мировски го нокаутира Вук Митровиќ од БиХ, додека Викторија Варадаинова загуби со технички нокаут од Теодора Видиќ од Србија.

Узеир Нелсон со поделена одлука го победи Лазар Татиќ од Србија, а Максим Митровски во жестока борба го победи Алекса Павловиќ од Србија со 3-0.

Во последната предборба на главниот настан, трикратниот светски и европски шампион, Димитар Ѓорѓиев загуби со судиска одлука од Никола Миљковиќ од Србија.

 

Се вчитува...