Бобан Илиоски единствен од македонските кикбоксери во четвртфиналето на СП

Бобан Илиоски ќе јабрани честа на македонскиот кик бокс на Светското првенство за сениори во Сараево, БиХ, откако единствен од македонските репрезентативци се пласираше во четвртфиналето.

Илиоски во осминафиналната пресметка во К-1 до 81 килограм славеше против Нијат Хејдаров од Азербејџан. Па, во битката за полуфинале сега го чека Србинот Александар Менковиќ.

Вчера, во попладневниот дел на шампионатот, порази доживеаја Дарко Најдов, Роберт Костовски, Димитар Ѓоргиев и Емир Ибраим.

Од македонските кик-боксери се очекува настапот уште и на Даниел Митров.

Се вчитува...