Бобан Илиоски обезбеди најмалку бронза на Европското кикбокс првенство во Атина (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски кикбоксери, Бобан Илиоски обезбеди најмалку бронзен медал со место во полуфиналето на Европското првенство за сениори кое се одржува во Атина, Грција.

Илиоски во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 86 килограми, во четвртфиналната пресметка славеше против ХрватотПетар Јаман по што и дефинитивно си го обезбеди најмалку бронзениот медал.

 

За влез во финалето македонскиот кикбоксер ќе се бори со Филис Христос од Грција.

„Боби се бореше смирено, мудро, тактички чувајќи ги силите за следните борби без непотребно да се изложува на ризик“ – ни изјави селекторот и прв човек на КМТФМ, Дејан Митровски – Урко.

 

Од борбите на останатите македонски репрезентативци, Леа Бошевска, пак, загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтеншатјн, а вчера Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

Денес ќе настапат уште Мите Ашкилов и Стефан Михајловски, кои со победа во четвртфиналните борби исто така обезбедуваат најмалку бронзен медал.

На Европското првенство настапуваат 982 кикбоксери со 1133 натпреварувачки влезови од 41 држава.

Се вчитува...