Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски загуби во полуфиналето на Европското првенство во маитаи кои се одржува во Анталија, Турција.
Илиоски во неизвесна борба во полуфиналето во категоријата до 86 килограми загуби со 28-29 од Јахија Ибрагимов, кој во Анталија се натпреварува како неутрален кикбоксер, под знамето на заедничката селекција на Русија и Белорусија.
Илиоски во четвртфиналната фаза претходно со 29-28 го совлада Турчинот Омер Фарук Каја.
„Реално, на Боби потешко му оди овој маитаи стил на борба, бидејќи речиси цел дел од борбата е во клинч кој нема ништо заедничко со кикбоксот, но повеќе е во стилот на борење“ – изјави претходно претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија и македонски селектор, Дејан Митровски – Урко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА