Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски престојниов викенд, на 24 мај во Женева ќе ја брани титулата светски професионален шампион во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, во категоријата до 88,6 килограми.
Илиоски во спектаклот во Женева ќе се бори со Французинот Кадри Мурсели во одбрана на светската шампионска титула, која ја освои минатата година на настанот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Како што е познато, македонскиот кикбоксер во спектаклот во Скопје минатата година славеше со 2-1, со одлука на судиите, тогаш против светскиот аматерски шампион Берк Дузенли од Турција. Тоа беше првпат Македонија да биде домаќин на еден таков кикбокс-настан, во организација на Кикбокс маитаи-федерација на Македонија.
Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија, спортист на годината за 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

