„Бобан има проблем во главата, не можев да поверувам што му кажал на Адеми“

Тотален хаос владее во Динамо Загреб летово откако новиот претседател Звонимир Бобан се реши за целосен ремонт отстранувајќи ги од тимот лидерите од тимот што доминираше со години наназад, меѓу нив и поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Прв гласно против Бобан проговори екс-голгетерот Бруно Петковиќ, кој беше жестоко критикуван од хрвтската фудбалска легенда, па сега реши да ја каже својата верзија за состанокот што го имал со првиот човек на Динамо.

„Бобан пред мечот со Важадин ми кажа дека ќе разговараме, не бев само јас туку седум-осум играчи. Јас бев прв на списокот, ми кажа дека доцнам бидејќи не го почитувам, а вистината е дека задоцнив само три минути. Не спиев со денови, ја загубивме титулата и се чувствував катастрофално, немав оправдување….“, почна Петковиќ, па откри детали од разговорот.

„Траеше 30-40 минути и се беше добро, ми го претстави својот проект, ми кажа дека на мене гледа како на лидер и капитен. Се договоривме да тренирам три-четири месеци, па да разговараме за нов договор, бидејќи актуелниот ми истекуваше за една година. Тогаш стана и ми рече: Готово, договорени сме! Јас му одговорив, ако ви подадам рака, тоа е исто како да сум потпишал договор. Дајте ми една седмица за да одморам… Тој само ги преврте очите, ми го сврте грбот и ми рече дека можам да си барам нов клуб. Ме навредуваше, ми велеше дека немам од што да одморам кога немав играно… му одговорив дека сум психолошки изморен, не физички. Имам теорија дека Звоне Бобан има биполарно пореметување, го забележав тоа додека разговаравме“, истакна одличниот голгетер.

Тој откри и уште еден детал поврзан со поранешниот капитен Аријан Адеми, кој во меѓувреме исто така си замина од „Максимир“.

„Кога дојде Фабио Канаваро во клубот го предупредиле дека најголем проблем ќе има со „сенаторите“ во Динамо, а кога си одеше тој јасно стави до знаење дека тоа не било вистина. И уште една работа што лично многу ме заболе, а се случи 30 минути по мојот состанок. Тој седнал со Адеми и му кажал дека нема шанси да земам толкава плата од Динамо Загреб, дека сигурно му враќам дел од сумата нз Здравко Мамиќ. Такви работи може да говори само човек кој има сериозен проблем во главата“, разочаран е Бруно Петковиќ.

Се вчитува...