Бобан избра: Тренерот на Несторовски седнува на клупата на Динамо Загреб

Звонимир Бобан полека, но сигурно ја презема контролата во Динамо Загреб, е едно од клучните прашања за новиот претседател е тренерската функција во клубот.

Идејата да го врати Игор Бишчан падна во вода, но последните информации говорат дека Бобан веќе го избрал новиот тренер на Динамо, кој би пристигнал на „Максимир“ по завршувањето на сезонав.а Станува збор за Марио Ковачевиќ, младиот и перспективен стручњак кој моментно му е тренер на нашиот Илија Несторовски во Славен Белупо.

Ковачевиќ од почит кон клубот побарал да ја доврши сезоната во Славен, по што би пристигнал на клупата на Динамо Загреб.

„Информациите велат дека Динамо го избрал тренерот за следната сезона. Изборот на Звонимир Бобан е Марио Ковачевиќ, моментниот стратег на Славен Белупо. Звоне навистина го сакаше Ковачевиќ, верува дека тој е вистинскиот тренер за Динамо. Неговиот тим игра модерен фудбал, со четворица во последната линија, сето она што е визија на Бобан за модерен фудбал, Ковачевиќ ги дели истите вредности“, пишува „Спортске Новости“.

Се вчитува...