Металург денеска го потпиша своето четврто засилување за претстојната сезона и овој пат се работи за млад и талентиран македонски ракометар. Дресот во идните четири години ќе го носи средниот бек Бобан Каковски (21), кој во редовите на Металург доаѓа од Голден Арт КЛ7.
Каковски потекнува од ХЈС (ракометна јуниорска школа) во Битола, која подоцна еволуираше во Работник, па во Еурофарм Работник, денеска Еурофарм Пелистер. По заминувањето од Е.Пелистер, Каковски потпиша за Голден Арт КЛ7 од каде и доаѓа во Металург.
Бобан Каковски има и репрезентативно искуство, откако беше дел од кадетската и од јуниорската репрезентација на Македонија.
“За мене е големо задоволство и голема чест што потпишав за клуб каков што е Металург, кој има долга и богата историја. Клуб кој во блиското минато ги победувал најсилните екипи во Лигата на шампионите и чиј дрес го носеле многу славни ракометни имиња. Посебно сум горд што ќе продолжам да се развивам под раководството на тренерот Иван Марковски, кого исклучително го ценам. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството на Металург и ќе го дадам својот допринос во новата сезона“, изјави младиот Каковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА