Бобан Марјановиќ ќе снима филм со Адам Сендлер

Еден од најсимпатичните кошаркари на денешницата, Бобан Марјановиќ покрај кошаркарската продолжува и со кариерата во Холивуд. По одличнoто деби кое го имаше на платното во „Џон Вик 3“, сега Марјановиќ ќе снима филм со Адам Сендлер. Темата на филмот ќе биде нормално кошарка, а Адам Сендлер ќе биде скаут на Филаделфија кој е во потрага по кошаркари во Србија.

Боби ќе биде главниот лик во филмот кој ќе соработува со Адам Сендлер како би стигнал до најсилната кошаркарска лига во светот. „Нетфликс“ ќе биде продуцентската куќа која ќе работи на филмот, а покрај Марјановиќ и Сендлер се уште не е познато која ќе биде комплетната актерска екипа.

 

Се вчитува...