Бобан Марјановиќ најде нов клуб, заминува од Европа

Харизматичниот српски центар Бобан Марјановиќ по речиси една деценија во НБА лигата се врати назад во Еворпа потпишувајќи договор со Фенербахче, но 36-годишникот не се прослави во Евролигата па „раскина“ со истанбулскиот тим.

Сега одново заминува од Европа, но не се враќа во САД, туку ќе игра во Кина потпишувајќи договор со Жејанг Лајонс, лидерот на тамошното првенство.

Марјановиќ карирата ја започна во Хемофарм, а во богатата кариера играше и за ЦСКА Москва, Нижни Ногвород, Мега Визура, Црвена Звезда, Сан Антонио, Деторит, ЛА Клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон.

Се вчитува...