Искусниот српски кошаркар Бобан Марјановиќ на 35-годишна возраст ова лето би можел да се врати назад во Европа каде за неговите услуги постои сериозен интерес од грчките евролигашки гиганти Панатинаикос и Олимпијакос.
„Џинот“ висок 224 сантиметри е дел од НБА лигата од 2015 година каде настапуваше за Сан Антонио, Детроит, ЛА Клиперс, Далас и во последните години е член на Хјустон, но не бележи забележлива статистика, ниту пак минутажа.
Пред крајот на својата кариера тој има шанса да се врати назад во Еворпа, но за прв пат во Грција. Претходно харизатичниот центар ги бранеше боите на Хемофарм, ЦСКА Москва, Жалгирис, Нижњи Новгород, Раднички Крагујевац, Мега и Црвена Звезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА