Српскиот центар Бобан Марјановиќ по речиси десет години поминати во НБА се врати назад во Европа за сезоната 2024/25 потпишувајќи едногодишен договор со евролигашот Фенербахче, кој сепак се очекува дека нема да биде исполнет во целост.
Турскиот тим има опција да му го раскине договорот пред јануари, а ќе ја искористи оваа опција со цел промена на центарската позиција која неодамна беше засилена со Кем Бирч. 32-годишниот Канаѓанец нема да биде единственото засилување за Фенербахче на високата позиција па тоа драстично ќе ја намали и веќе малата минутажа на Марјановиќ.
224 сантиметри високиот Србин оваа сезона настапи на само шест натпревари во Евролигата бележејќи просек од скромни четири поени и 3.5 скокови за 10 минути поминати на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА