Звонимир Бобан место не го држи во светот на фудбалот, откако доби отказ од Милан тој најде нов ангажман во УЕФА, но и таму пред неколку месеци си замина откако влезе во директен конфликт со претседателот Александар Чеферин.
Тој во интервју за „Газета дело спорт“ говореше на најразлични теми, давајќи конкретен коментар за случувањата на Милан, но и за улогата што Златан Ибрахимовиќ ја има во управата на „росонерите“.
„Го почитувам Пауло Фонсека, смета дека тој е добар тренер, но мора да разбере дека со играчите што ги има во тимот, најдобро е да игра 4-3-3, а не да експериментира со други формации. Златан Ибрахимовиќ е генијален, некого што на крајот до животот сите треба да му бидеме благодарни што од љубов се врати во Милан и ја промени поновата историја на клубот. Сепак, не можам да разберам што е неговата улога во моментов, кои се неговите задачи. Не можам да знам дали е успешен или не кога никој не знае што тој точно работи. Се надевам дека нема да дозволи да го изиграат, бидејќи тој е името и со тоа ќе сноси одговорност, иако клучните одлуки ги носи директорот Монкади кого никој не го спомнува“, изјави Бобан.
Тој изрази жалење што „росонерите“ не успеаја да го задржат тимот што пред две години се закити со шампионското скудето.
„Онаа екипа што ја освои титулата во Серија А и беше полуфиналист во ЛШ беше размонтирана на така неприроден, невнимателен начин. Многу работи можеа да се изградат на тие темели, но беа направени катастрофални грешки“, истакна Звонимир Бобан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА