Македонскиот репрезентативец Бобан Николов, и официјално е без клуб откако го раскина договорот со ФЦСБ на еден месец пред неговото завршување, пренесува романски „Про Спорт“.
Сопственикот на клубот Џиџи Бекали не сакал да го продолжи договорот со Николов, и се согласиле за исплата на едната плата до крајот на договорот, со што 28-годишниот фудбалер може веднаш да бара нов клуб.
Зимоска имаше понуда од Кина и од шпански второлигаш, но тогаш се реши да остане во ФЦСБ. Во пролетниот дел од сезоната не одигра ниту еден натпревар за романскиот клуб, а на некои мечеви го немаше ниту меѓу резервите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА