Играчот од средниот ред Бобан Николов, и натаму е во потрага по ангажман после раскинувањето на договорот со романски ФЦСБ. Според информациите од Турција, турскиот клуб Генчлербирлиги е заинтересиран за потписот на фудбалерот.
Меѓутоа оваа понуда најверојатно ќе биде одбиена, во обидот Николов да најде подобар ангажман, со оглед дека заинтересираниот Генчлербирлиги се натпреварува во втората по ранг лига во Турција.
Николов во минатото покрај за ФЦСБ, играше и за Шериф, Лече, Фехервар, Вардар и Виторул. За македонскиот национален тим има одиграно 48 натпревари, но во последно време поради немање на ангажман не се наоѓаше на списокот на Милевски за овие квалификации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА