Звонимир Бобан почна со планирањето на тимот на Милан за наредната сезона, а во завршна фаза се преговoрите за трансфер на негов сонародник на „Сан Сиро“. Станува збор за напаѓачот Андреј Крамариќ, кој се наоѓа многу блиску до трансферот во таборот на „росонерите“ откако веќе ги договорил личните услови со италијанскиот гигант.
„Висината на платата што Крамариќ ќе ја зема во Милан е веќе договорена. Останува уште Бобан да отпатува во Германија и да се договори со управата на Хофенхајм околу висината на отштетата“ – објави телевизијата „Скај“.
За услугите на хрватскиот голгетер се интересираат и неколку клубови од Англија, па „росонерите“ нема да имаат лесна задача да излезат како победници од оваа трка. Италијанските медиуми најавуваат дека првата понуда на Бобан ќе изнесува 30 милиони евра, па останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да се осигура потписот на еден од најдобрите напаѓачи во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА