Бобан Стајиќ од денеска и официјално е нов член на Куманово, откако плејмејкерот потпиша договор со оваа македонска екипа до крајот на сезонава. ЕКИПА ја објави оваа информација уште за време на репрезентативната пауза, Стајиќ во меѓувреме одигра одлично на квалификацискиот дуел со Швајцарија, за денеска да го својот потпис на договорот со кумановци, а вечерва и да почне со тренинзи со својот нов клуб.
Само за потсетување, Стајиќ минатата сезона ја мина во дресот на Фени индустри, по што летово ја прифати понудата за враќање во МЗТ Скопје. Сепак, откако не ја доби посакуваната минутажа тој побара и доби раскин на договорот со шампионот, а од неколкуте понуди на негова адреса ја избра онаа на „сино-белите“ од северниот дел на Македонија.
Кумановци се решија да се откажат од натпреварување во БИБЛ, но сепак планираат засилување на играчкиот кадар, при што во преден план би биле исклучиво домашни кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА