Бобан Стајиќ потпиша за Работнички

Работнички почна да ги засилува своите редови потпишувајќи договор со Бобан Стајиќ, кој треба да ја освежи плејмејкерската позиција во таборот на „центарци“. Управата на клубот во изминатиот период беше во потрага по нов организатор на играта, а од неколкуте опции на крајот постигна договор со Стајиќ.

Стајиќ има зад себе успешни сезони во дресот на Пелистер, тим со кој два пати стигнуваше до второто место во плејофот, воедно и настапуваше во АБА2 лигата и со своето искуство би требало да биде од помош на тимот на Димитар Мираковски, кој го има младиот Шошкиќ, а дефинитивно ќе ангажира и еден американски кошаркар за овој дел од екипата.

„Центарци“ ги интензивираат преговорите за нови кошаркари во обид да состават тим што би се борел за шампионски трофеј, а се очекува наскоро да следат уште неколку потписи во најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Еден од нив би требало да биде Виктор Ефремовски, поранешниот кошаркар на Работнички кој по неколку години минати во Гостивар ќе се врати назад во таборот на „црвено-белите“ од „Градски Парк“.

Се вчитува...