Златан Ибрахимовиќ иако сака да нагласува дека е само советник во Милан, сепак беше и тоа како активен по прашањето на именувањето на новиот тренер Пауло Фонсека како и доведувањето пооеделни играчи, со значајна улога во сето тоа, колку и да сака да ја тргне одговорноста од себе.
Токму затоа, поранешната легенда на Милан, Звонимир Бобан, испрати порака за Ибрахимовиќ потенцирајќи во интервју за „Газета дело спорт“ дека треба да внимава што прави во клубот затоа што нему ќе му се суди, а не на техничкиот директор Џефри Монкади.
„Златан е геније и ќе му бидам благодарен до крајот на животот за љубовта која ја носи кон Милан. Но, сега не ми е навистина јасно што прави, кои се неговите одговорности и на основа на кои компетенции треба да се суди неговата работа“ – вели Бобан и дополнува:
„Се надевам дека тој самот ги разбира затоа што на крајот нему ќе му биде судено, а не на Монкади. Толку многу можеше да се изгради на темелите на тимот кој го освои Скудетото и дојде до полуфинале во ЛШ, што за мене сега ова што се прави е колосална грешка“.
Бобан последниот ангажман во Милан го имаше пред четири години, и интересно тој тогаш работеше на враќање на Ибрахимовиќ во клубот, а сега го прозива за неговата работа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА