Бобан веднаш доби понуда за нов фудбалски ангажман

Звонимир Бобан попладнево и официјално си замина од Милан, но Хрватот нема да биде долго без работа бидејќи веднаш му беше понуден нов ангажман.

Или поточно, враќање назад на старото работно место во ФИФА, кое Бобан го напушти минатото лето за да му помогне на Милан да се приближи до врвот на италијанскиот фудбал. Тој не успеа во својата намера, по конфликтот со претседателот Газидис мораше да си замине од „Сан Сиро“, но од ваквиот развој на настаните најзадоволен е Џани Инфантино.

Првиот човек на светската куќа на фудбалот веднаш го контактирал својот поранешен соработник, нудејќи му да се врати на директорската функција што ја имаше. Хрватот побарал неколку дена за да размисли, но се очекува неговиот одговор да биде позитивен, па веќе од почетокот на месец април Бобан да се врати на работните обврски во ФИФА.

Се вчитува...