Македонија Ѓорче Петров се соочи со неколку заминувања од тимот ова лето, но ги сочува најискусните. Капитенот Боби Божиновски и бугарскиот интернационалец Мартин Ковачев остануваат „лавови“ и следната сезона. Тие се договорија со раководството на клубот за продолжување на соработката за уште една година.
Претходно, нови договори потпишаа и Филиповски и Адем.
Македонија ЃП на чуден начин не доби шанса за настап во квалификациите за Лигата на Европа во претстојната сезона, откако „предност“ доби составот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

