Селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година Боби Милевски, истакна дека е задоволен од прикажаното на неговите играчи без разлика што во послените моменти Македонија не успеа да се одбрани и прими поразителен гол за конечни 3-4 против Русија. Милевски пред се е задоволен што во селекцијата се врати победничкиот дух, нешто што им недостасуваше во претходните пресметки во овие квалификации.
„Пред се честитки за победата на Русија, но уште поголеми честитки за моите фудбалери кои покажаа карактер и го вратија духот на оваа репрезентација, нешто што ни недостасуваше на претходните натпревари. Секоја чест за момците како го одиграа мечот, особено во второто полувреме кога на два пати се вративме резултатски. Иако го загубивме натпреварот, покажавме дека во нас има потенцијал и квалитет, покажавме дека можеме да бидеме конкурентни и против вакви селекции, затоа можам да кажам дека сум горд како одиграа. Голот во последната минута секако дека можеше да биде избегнат, но тоа е фудбал, некогаш ќе те награди за вложениот труд, некогаш не. Секако боли што не задржавме реми, но тоа е поради голема желба за победа, сепак се вративме од два гола негатива, и тоа значи нешто. Црвениот картон не ни смени многу, но секако тешко е да се игра со играч помалку. Без разлика, јас сум презадоволен од прикажаното, се вративме на стари патеки“, истакна Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА