ЕКИПА во Ереван, Ерменија
Владимир Булатовиќ
Македонскиот селектор Боби Милевски на прес-конференцијата во Ереван, по триумфот над Ерменија, одговараше и на новинарските прашање каков е неговиот став околу критиките од одредени лица кои следеа уште на стартот од оваа Лига на нации.
Често бил подложен на критики, а зад себе секогаш имаше и пласман на ЕП 2017 со младата репрезентација, и трофеи во клупскиот фудбал и бараж-финале за СП, единствено во досегашната фудбалска историја. Но, како што вели критики само го зацврстуваат неговиот став како вистински треба да се продолжи на исправниот професионален пат.
„Јас како човек лично сум поисправен и поцврст во својот став и своите одлуки повеќе кога губам, отколку кога победувам. Поисправен сум и порешителен што сакам понатака кога ги добивам најголемите критики. Да, критики треба да има, и секогаш сум за, но знам дека мора да бидат издржани, фудбалски и во насока на подобрување на нештата. Оние сите други, поради нечии лични интереси, секако не можам да ги земам во предвид“ – истакна Милевски и дополни:
„Јас многу добро знам во што верувам. А силно верувам во овие момци, во овој широк мој тим. Тоа е единствено што ме води напред. Се додека тимот и фудбалерите функционираме вистински, тоа е единствено меродавно. А, во овој тим почнав да верувам по оние 1-1 со Италија во Скопје, против актуелниот европски шампион. После тој дебакл од 7-0 во Манчестер, тие момци така да одреагираат против европскиот шампион тоа беше вистински показател колку можат и колку знаат. Да, после на пријателските дуели свесно прoверувавме комбинации и играчи за да токму сега чекориме на патот кој сега го одиме, заради позитивната иднина на македонскиот фудбал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА