Сосема е јасно дека целокупната македонската репрезентација се уште е под силно влијание на трагичните настани кои ја потресоа Македонија изминатава недела. Но, јасно е и дека сите во националниот табор се максимално подготвени да дадат се од себе да донесат малку радост за целата земја.
И селекторот Боби Милевски вели дека повеќе никогаш не посакува репрезентацијата да игра под вакви околности, Македонија никогаш повеќе да не почувствува ваква болка…
„И пред мечот со Лихтенштајн но и сега сме облеани од силни емоции работејќи под посебна атмосфера. Самата подготовка за овие мечеви е тешка поради сите случувања кои сите нас не потресоа. Околностите се тие и се надевам дека нема никогаш да имаме повеќе вакви околности, воопшто во животот. Затоа сакам да им се оддолжиме на навивачите на најдобар можен начин и утре против Велс, и да и подари на цела Македонија малку радост“ – вели Милевски.
Македонија утре од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ја очекува еден од најсилните противници, заедно со Белгија, во групата.
„Велс го анализиравме на сите натпревари со овој селектор. Подготвени сме, но факт е дека мора да бидеме совршени на тактички план, во тркачкиот дел и максимален фокус ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Велс е најсериозен противник откако сум јас селектор, компактна екипа, силна. Според ранкингот на Велс и квалитетот на нивните играчи и клубовите каде играат во Премиерлигата или Чемпионшип во Англија, факт е дека фаворитската улога е кај нив, а наше е да бидеме максимално подготвени за утрешниот меч“ – истакнува Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА